На десет политичари во Грција ќе им бидат отворени банкарските сметки затоа што постои сомневање дека земале поткуп од швајцарската фармацевтска компанија „Новартис“, за да ги зголемат продажбите на нејзини лекови и да ја зголемат нивната цена во земјата.

Ова го пишуваат весниците „Димократија“ и „Та Неа“, додавајќи дека наредбата за отворање на сметките ја издала обвинителката за корупција Елени Тулупаки.

Списокот на лицата вмешани во тој скандал е долг и вклучува не само политичари, туку и приватни лица, лекари и државни службеници, кои биле поткупувани со суми од 1.000 до 5.000 евра. Тоа се случувало во периодот од јануари 2016 до јануари 2017 година. Тврдењата се засноваат на изкази на заштитени сведоци.

Штетите, кои шајцарската команија и ги нанела на грчката држава, се проценуваат на повеќе од три милијарди евра, пишува „Вима“.

По бурни дебати, во грчкиот Парламент на почетокот на март беше отфрлен предлогот на опозициската Нова демократија за формирање комисија за утврдување евентуална одговорност на тројца министри од Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас за учество во корупциски скандал со швајцарската фирма „Новартис“.

Формирање истражна комисија беше побарана за министрите Панајотис Курумблис, Андреас Ксантос и неговиот заменик Павлос Полакис кои наводно учествувале во формирање цени на лекарства на фармацевтскиот гигант „Новартис“.