Европската унија треба да го забрза проширувањето и да ги вклучи земјите од Западен Балкан, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

– Треба да ја прошириме ЕУ што е можно побрзо, што е можно поскоро изјави Сијарто во лондонскиот тинк-тенк Чатам хаус, истакнувајќи дека не треба процесот да трае цели седум години.

– Сакаме да видиме на ЕУ 28, 29, 30. Западен Балкан е место каде може да се појават тензии, рече тој.

Франција и Холандија се противат на плановите на ЕУ за започнување на преговори за членство со Албанија и Македонија, поради загриженоста дека одлуката може дополнително да го влоши  антиимигрантското расположение во Унијата, тврдат дипломати од ЕУ.