На грчкиот остров Евија се појавија неколку пожари, а пожарникарите сè уште се обидуваат да ги изгаснат

Пожарот избувна во четвртокот вечерта на три локации – во Кими, Пиргри и Агиос Георгиос, а од раните утрински часови во гасењето на пожарот учествуваат и авиони, според „Катимерини“.

Иако огнот не ја загрозува станбената зона, пожарникарската служба нареди евакуација на четири села како превентивна мерка.

Пожарите почнаа вчера попладне во Маникија, на земјоделско земјиште.