Унијата на слободни синдикати очекува Уставниот суд на Црна Гора да ја отфрли иницијативата на Унијата на работодавци за оцена на уставноста на делот од Законот за трговија со кој се пропишува трговијата на големо и на мало да не може да се извршува во неделата и во деновите на државните и другите празници.

– Оваа иницијатива од работодавците е уште еден напад на работните права на вработените во трговијата. Тоа е секторот во кој работничките права се најзагрозени во Црна Гора, во кој работниците непрекинато работат прекувремено со само еден слободен ден во месецот, без право на слободен ден во време на државни и други празници, кога неретко еден работник извршува работа за двајца или за тројца работници – се вели во соопштението на Унијата на слободни синдикати.

Во својата претставка, Унијата на работодавци наведува дека некои одредби од Законот за внатрешна трговија е спротивен на Уставот на Црна Гора, со кој се ограничува слободата на претприемаштвото.

– Барањата на трговските центри да бидат ставени во фирмите, кои ќе можат да ја извршуваат својата дејност и во недела под уцена дека ќе биде намален бројот на вработените, се само еден вид притисок што го користат работодавците Важно е неделата да се зачува како ден за одмор и посветеност кон семејството, затоа што постојаната работа не остава здрав развој и зачувување и афирмирање на нејзината улога како основна ќелија на општеството – велат од Унијата на слободни синдикати.