Силно невреме, со ветрови кои кршат гранки и откорнуваат покриви од куќите го зафати регионот. Град и снег паѓаа во Хрватска, а силното невреме највеќе го почувствуваа жителите на Загреб и Риека.

Во главниот град, ветрот со брзина од 100 километри на час корнеше дрвја.

Црвен метео аларм е најавен и за во Црна Гора, а во Србија има за 15 степени пониски температури.

Силно невреме и обилен дожд има и во делови на Србије, каде силниот ветер откорнуваше и покриви. Невремето најпрво ги зафати Војводина и Белград.

Температурите за само неколку часа драстично опаднаа. Во Лозница само за еден час температурата опаднала за 11 степени, во Нови Сад за осум степени, а во Белград за седум степени.

Заладувањето доаѓа по невообичаено високите температури коишто го зафатија регионот во изминатиов период.