Во раните попладневни часови дојде до невреме и град во делови на Далмација.

Околу 13.30 часот, големо невреме со град го зафатил подрачјето на Каштел Штафилиќ и западниот дел на Каштели, а невремето постепено се шири кон областа на Сплит, каде што интензивно грми, пишува „Индекс“.

Сообраќајот низ Каштели бил скоро целосно запрен поради силниот град и дождот.

Дваесет минути подоцна, обилниот дожд проследен со грмежи стигнал до Сплит.