Најмалку тројца луѓе, меѓу кои и бебе се најдени мртви во невремето кое го зафати грчкиот остров Евија во централна Грција. Според информациите, десетина луѓе се заробени во нивните домови и автомобили.

Полицијата соопшти дека брачен пар, на возраст од 86 и 85 години, утрово се најдени во бессознание во нивниот поплавен дом во приморското село Политика, на околу 100 километри северно од Атина. Бебето е пронајдено во приземен стан во истото село.
Локалниот градоначалник изјавил дека бебето и неговото семејство не биле од тоа место и дека тука биле на одмор.

Голем број луѓе во селото се качиле на покривот од зграда, па пожарникарите испратиле хеликоптер за спасување во таа област.

Силен дожд ноќеска почна да врне, а пожарникарите одговориле на повеќе од 50 пожари предизвикани од удари од гром.

Откорнати се многу дрвја и паднати на патиштата, поради што бројни туристи се блокирани во кампови во оваа област. Како што пренесуваат грчките медиуми, две реки се излеале и ги поплавиле патиштата. Властите ангажирале повеќе од 100 пожарникари и два хеликоптери во евакуацијата на заробени луѓе.