Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице загина, а две се тешко повредени.

Пожарникарите и екипите на брзата помош се на терен.

Според РТС, експлозијата се случила на улицата Абердарева пред зградата на РТС, каде што работниците работеле на реконструкција на инсталациите. Меѓу самите работници има повредени.

Српската државна телевизија неофицијално откри дека експлодирала боца со гас.

Силината на експлозијата уништила неколку службени автомобили на РТС, а прозорците на зградата испукале.