Фото: Илустрација

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала бил почувствуван околу 22.13 часот, 53 километри северозападно од Тирана.

Според албанските портали, епицентарот бил на длабочина од два километра.

Засега нема информации за материјална штета, но земјотресот предизвикал паника кај граѓаните, кои излегле на улица, пишуваат медиумите.

Медиумите јавуваат дека земјотресот бил почувствуван и во Црна Гора.