Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтер ги стресе грчките острови и дел од Турција во Егејското Море, пишуваат медиумите.

Земјотресот се случи на 17 километри во морето западно од турската покраина Измир. Според „Си-ен-ен Турк“, земјотресот се почувствувал сè до Истанбул.

Снимки и фотографии од урнати згради доаѓаат од Измир. Во тек е потрагата по исчезнатите во срушените згради. По земјотресот, имало и неколку потреси, конкретно шест, од 3,9 до 4,8 степени според Рихтеровата скала.

Моментно нема информации од Грција за можни штети.

Министерот за внатрешни работи, Сојлу, рече дека досега е пријавено рушење на шест големи згради во Измир. Гувернерот на Измир, Косгер, изјави дека нема информации за смртни случаи.