Еден по еден партиските лидери во Бугарија поднесуваат оставки по парламентарните избори.

На ред стигна оставката и од лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова.

Како што најави, нејзината партија добила слаба поддршка на 14 ноември (го освои само четвртото место со речиси 9 % од гласовите) поради истовременото одржување на парламентарните и на претседателските избори и стравот на граѓаните да излезат на гласање поради Ковид-19. Вчера оставка поднесе Христо Иванов, претседателот на коалицијата „Демократска Бугарија“, која беше шеста на изборите со само 6,34 гласа.

Оставка најави и раководството на ВМРО БНД, на поранешниот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој не успеа да го помине цензусот.