Бројот на официјално потврдени и идентификувани жртви од пожарите во источниот дел на областа Атика, достигна до 89 лица, откако 55-годишна жена, им подлегна на повредите во атинска болница. 

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според последното соопштение од грчката противпожарна служба од пред два дена, во Дирекцијата за криминални истраги на грчката полиција биле идентификувани 81 лице и постојат две неидентификувани тела со достапна ДНК, но кои никој до сега не ги побарал.

Во грчките болници во изминатите речиси две седмици по катастрофалниот пожар, на повредите им подлегнаа шест лица.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во атинските болници има  38 повредени лица, од кои осум се во сериозна состојба.