Вкупно 16 луѓе починаа од вирусот Западен Нил во Грција, додека пак регистрирани се 133 случаи на лица инфицирани од вирусот, изјави претставничката на Центарот за контрола и превенција на болести, Данаи Перваниду во интервју за радиото „Практорио фм“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Перваниду вели дека за жал, ширењето на вирусот е доста големо и се регистрирани случаи во многу општини, особено во областа Атика, поширокиот дел на Атина и во централниот дел од Северна Грција.

– Осумдесет отсто од инфицираните лица немаат симптоми, 20 отсто развиваат вирусна инфекција, а еден отсто енцефалитис или менингитис и ова најчесто главно е кај постари лица и со хронични болести, вели Перваниду.

Пред само пет дена, бројот на починати беше 11, а на инфицирани 107 лица.