Реонот на Далмација минатата ноќ беше зафатен од силен и сув ветер, што доведе до избувнување на неколку пожари во близина на Сплит, Макарска, Солин и Задар.

Само во реонот на Макарска биле регисттирани четири пожари, а утрово околку 5 часот, пожар избувнал и во близина на Солин, каде огнената стихија зафатила борова шума.

Во близина на Сплит пожар избувна синоќа околу 23 часот во месноста Брда, каде огнот зафатил трева и нискостеблеста шума. Пожарот бил изгаснат во текот на ноќта, а при гаснењето полсено е повреден еден пожарникар.

Помали пожари избувнале и кај местата Нин и Вргорац, во близината на Задар.

Пожарите брзо се ширеле поради силниот ветер, кој го отежнувал и нивното гаснење.