По земјотресот со јачина од 3,2 степени по Рихтер, кој денеска е регистриран во Јадранското Море, а го почувствувале жителите на хрватските острови Корчула и Вис, следеа и два послаби потреси во Грција и Бугарија, објави Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Како што наведува ЕМСЦ, во Грција се забележани два потреси со јачина од 3.0 и 3.1 степен по Рихтерова скала. Првиот потрес е регистриран на длабочина од шест километри и на 41 километар западно од Лариса, а другиот на длабочина од 4 километри и 32 километри од градот.
Следувале и серија помали потреси во Грција.

Послаб потрес со јачина од 2,6 степени по Рихтерова скала ја стресе Бугарија. Епицентарот бил на 19 километри северно од градот Гоце Делчев.
Последниот земјотес е регистран на границата со Турција и бил со јачина до 3,4 степени по Рихтер.