Серија земјотреси се регистрирани попладнево во Албанија, од кои најсилниот со јачина од 4,4 степени бил со епицентар во Корча, на длабочина од 10 километри. Нема информации за повредени лица. По овој следуваале уште четири земјотреси со послаб интензитет.

На подрачјето на Корча на први јуни годинава регистриран беше потрес со јачина од 4,9 степени, што предизвика материјални штети и голем број семејства сѐ уште се сместени во шатори. Изминативе 30 дена во Албанија се регистирани 50 земјотреси.