Вкупниот број корисници на банкарски кредити во Црна Гора на крајот од 2018 година изнесува 125.116, од кои 112.563 се физички лица, при што секој петти жител има долг од 9.700 евра, јавува црногорскиот весник „Дан“.

Црногорскиот весник „Дан“ објави дека вкупниот долг на населението врз основа на заеми во една од 15-те банки во Црна Гора изнесува 1,095 милијарди евра, што претставува зголемување од 113.000 евра во споредба со крајот на 2017 година.

Ова го покажуваат податоците од извештајот за работата на банкарскиот народен правобранител Халил Калач, кој беше доставен до црногорското собрание.