Седум чешки туристи беа спасени минатата ноќ во кањонот Невидио, соопшти службата за спасување на Црна Гора. 

– Тие ноќеска околу 20 часот останаа заглавени во кањонот, а повикот до Службата за спас го испратија преку Дирекцијата за вонредни состојби при МВР.  Во акцијата  учествуваа девет спасувачи – извести службата за спасување на Фејсбук.

Туристите биле без водич, помош чекале на крајот на кањонот и не биле животно загрозени.