Основниот суд во Приштина осуди седум косовски Албанци на вкупно 17 години затвор за организирање и учество во терористичка група и нелегално поседување оружје, јави српската телевизија РТС.

Вкупно 11 лица биле обвинети за организирање на терористички групи и учество во војната во Сирија, но двајца од обвинетите сė уште не се уапсени, а последниот Бетим Ибрахимај, според тврдењата на неговото семејство, загинал на фронтовите во Сирија.

Во времето кога „Исламска држава“ претставуваше сериозна закана во Сирија и Ирак, од Косово на воените фронтови во овие земји заминаа околу 300 лица, информира РТС.