Претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, повика на земјите од Западен Балкан да им се дозволи пристап во Европската Унија, нарекувајќи го проширувањето „позитивен проект за мир и просперитет“.
Проширувањето може да донесе огромни придобивки и за регионот и за Европа како целина и да помогне да се обезбеди стабилен, просперитетен и мирен континент, рече претседателот на парламентот на ЕУ, Дејвид Сасоли.
– Сè уште треба да се спроведат реформите во секоја од овие земји – рече Сасоли, додавајќи дека „Европската Унија исто така мора да ги исполни своите ветувања и да го признае напредокот“.
Покрај Србија и Црна Гора, земјите од Западен Балкан, кои чекаат прием во ЕУ се Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.
ЕУ веќе преговара за влез во ЕУ со Црна Гора и со Србија, додека Албанија и Македонија се официјални кандидати, а Босна и Херцеговина, како и Косово, се сметаат за потенцијални кандидати за преговори, пренесува агенцијата ДПА.