Иницијативата за промена на имињата на улиците во Сараево именувани според личностите што соработувале со усташките власти во текот на Втората светска војна не го доби потребниот број гласови на пратениците во кантонското собрание. Предлогот поднесен од членот на опозициската партија СДП за БиХ, не беше прифатен од владејачката Партија за демократска акција (СДА)
– Ова е комплексно прашање, кое бара расправа од широката општествена и академска заедница – изјави Махир Девиќ, шеф на пратеничкиот клуб на СДА, со што се избегна можноста да се испрати силна антифашистичка порака од главниот град на БиХ, пренесе „Ал џезира“.

Иницијативата за бришењето на имињата на некои сараевски улици, ги опфаќа оние личности за кои не постојат релевантни податоци за нивната улога во текот на Втората светска војна. Особено е проблематично тоа што во предлогот се споменуваат само имињата на личности, кои биле Бошњаци, додека припадниците на другите народи се пропуштени.
За креаторот на иницијативата, пратеникот Игор Стојановиќ, потегот на СДА да се одбие предлогот сараевските улици да ги носат имињата на антифашистичките херои и од последната војна во БиХ, е очекуван. И сегашните имиња на некои од улиците во Сараево се именувани по спорни личности од иницијатива на СДА.

– Уверен сум дека за Сараево и за Босна и Херцеговина би било подобро кога властите би се придржувале кон препораките на групата историчари од сите земји од поранешна СФР Југославија, за тоа улиците и другите значајни објекти да не се именуваат според личностите од Втората светска војна и во последните војни, кои повикувале на етничка омраза и антисемитизам и кои биле одговорни за воените злосторства – изјави Хуснија Камберовиќ, професор на Катедрата за историја на Филолошкиот факултет во Сараево,