Во Босна и Херцеговина во моментов не постои ниту еден крематориум, па телата на починатите се кремираат во странство, но од следната година на гробиштата „Влаково“ во Сараево би требало да биде завршен и ставен во функција првиот крематориум во БиХ, пишува „Независне новине“.

Веста ја потврдија и властите, кои истакнаа дека покрај овој крематориум постојат уште два објекта во Босна и Херцеговина за оваа намена, меѓутоа во нив никогаш не била инсталирана опрема за кремација.