(Нешенел интерест)

Автор: Тед Гален Карпентер

Негативните последици што произлегоа од бавниот распад на Југославија во 1990-тите години ја погодија целата држава, но превирањата и човечката трагедија беа најизразени во Босна. Трите главни етничко-верски групи, католичките Хрвати, православните Срби и муслиманите, се бореа за превласт во жестоката политичка и на крај крвава борба. Сите три фракции учествуваа во етничкото чистење во регионот, а нивните војски извршија разни злосторства.

Сликата што ја прикажуваа повеќето западни новинари беше балансирана. Но во повеќето медиумски приказни, војната во Босна прерасна во директна српска агресија врз невините Хрвати, а особено врз муслиманите. Целта беше да се натераат лидерите на САД и НАТО да интервенираат и да ги заштитат муслиманите. Саманта Пауер, идеалистичката млада Американка стана олицетворение на пристрасното новинарство во Босна. Пауер беше ѕвезда во подем и стана дури советничка за надворешна политика во администрацијата на Барак Обама.

Како што таа наведува во својот мемоар „Како се станува идеалист“, кога била практикантка во Институтот за меѓународен мир „Карнеги“ немала акредитација за да известува во странство. Решила работата да ја преземе во свои раце, така влегла без дозвола во редакцијата на „Форин полиси“ и напишала барање до медиумската служба на ООН, претставувајќи се како главниот уредник Чарлс Вилијам Мејнс, за да добие акредитација за „балкански известувач“ за медиумот за време на војната во Босна.

Ваквото однесување многу кажува за нејзината опсесија со војната во Босна и нејзината етика, затоа што очигледно била премногу пристрасна што таа дури отворено го кажува тоа. Таа била убедена дека „единствениот начин да се натера претседателот Бил Клинтон да ја запре опсадата на Сараево било со вршење на домашен притисок“ и сметала дека „таа треба да одигра клучна улога“. Таа признава дека нејзината работа повеќе личела на еден колумнист отколку на еден обичен дописник. Дури и била разочарана што пристрасното новинарство немало големо влијание врз американската политика за да се смени текот на војната. Таа вели дека „Сараевчаните, кои претходно западните новинари ги сметале за свои гласници, почнале на нив да гледаат како на амбасадори на пасивни држави“. Ваквиот јазик покажува дека Пауел се оддалечила од новинарските принципи и зазела една страна од конфликтот за кој требала да известува. Особено пофални зборови имала за почетокот на воздушните напади на НАТО врз силите на босанските Срби во есента во 1995 година и наметнатиот Дејтонски мировен договор.

Дури и новинарката на Си-ен-ен, Кристин Аманпур, покажа слична пристрасност во известувањето. Тие ги третираа Србите како тие да беа единствените кои правеа „етничко чистење“, а Пауел дури беше првата која јавно го тврдеше ова што во реалноста не беше точно. Медиумскиот аналитичар Сет Акерман истакна дека албанските националисти во Косово го користеле терминот „етничко чистење“ и слична реторика уште во 1982 година за да го протераат српското малцинство, но вакво нешто никогаш не се споменало американското известување за конфликтот на Косово.

Како и многу други пристрасни новинари во Босна, Пауер изгледа не била свесна (или била рамнодушна) за опасноста од нејзиниот начин на известување. Дури и во својот мемоар го користи терминот „Босанци“ како синоним за муслиманското население, а Србите и Хрватите ги третира како натрапници, иако се тамошни староседелци. За жал ваквиот нејзин пристап започна да се применува и во другите медиуми за да се натераат САД и сојузниците од НАТО да спроведат или да ги засилат „хуманитарните“ воени интервенции. Известувањето на Саманта Пауел за војната во Босна е типичен пример за штетно пристрасно новинарство особено во меѓународните односи. Ваквото известување не само што е срам за етичкото новинарство, туку и помогна Западот да започне катастрофални и дестабилизирачки воени интервенции во повеќе земји.

Превод: Билјана Здравковска