Фото: Принтскрин

Американските претставници ја посетија во обидот за гаснење на запаливата ситуација во државата, наспроти фрустрацијата на регионот со напорите на ЕУ, пишува „Политико“. Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, беше во дводневна посета на БиХ, во рамките на која се сретна со членовите на босанското претседателство.

– Сакаме да се осигуриме дека Босна ќе остане независна, суверена и со територијална целост – нагласи американскиот дипломат.

За САД посетата претставува сигнал дека тие ја засилуваат водечката улога во регионот. САД претходно го санкционираа лидерот на босанските Срби Милорад Додик поради опструкција на Дејтонскиот мировен договор во 2017 година, а во повеќе наврати не се колебаа за да го критикуваат.

Потегот на САД доаѓа кога ЕУ се соочува со критики за повоздржаниот пристап. Европскиот блок не успеа да го санкционира Додик и не се соочи со српскиот лидер со истиот остар речник како што тоа го сторија американските претставници, кога Ескобар го обвини Додик „дека се обидува да ги заштити неговата моќ и богатство“.

– Изјавите на Ескобар за Додик се најострите и најдиректни што досега сме ги слушнале од кој било претставник на Западот – истакна политичката аналитичарка од Бања Лука, Тања Топиќ во изјава за „Политико“.

Згора, се смета дека Ескобар го истакнува членството во ЕУ како клучна точка во неговата балканска стратегија, со што многумина во регионот го сметаат за подобар гласник за ЕУ отколку самиот европски блок, заклучува политичкиот магазин.