Американскиот специјален претставник за дијалогот Белград- Приштина, Ричард Гренел објави дека САД не ги поддржуваат половните мерки на косовскиот премиер Албин Курти за делумно укинување на царините за стоки од централна Србија.

– Нашата позиција е сосема јасна: таксите мора да бидат целосно укинати. Курти прави сериозна грешка и ова му е јасно ставено на знаење на косовскиот претседател Хашим Тачи во Белата куќа – напиша Гренел на Твитер во врска со постепеното и условно укинување на царините на стоки од централна Србија и БиХ.