Руското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека протерувањето двајца руски дипломати од Грција ќе предизвика последици.

Атина во минатата недела соошти дека протерала двајца руски дипломати и им забранила на други двајца влез во државата обвинувајќи ги за мешање во внатрешните работи со поттикнување демонстрации против договорот за името меѓу Атина и Скопје. Дипломатите беа обвинети и дека се обиделе да поткупат грчки официјални претставници.