Се урна руски авион што се користеше за гаснењето на пожарите во Кахраманмараш.

Во несреќата настрадаа пет руски и тројца турски членови на екипажот, а во тек е истрага за причините на несреќата, известува Агенција Анадолија (АА).

Пожарот избувнал во текот на денот како резултат на удар на гром во шумската област на територијата на местото Оникиш.