Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска рече дека нема да ја смени шефицата на антикорупциското тело Лаура Кодрута Ковеси, како што бараше Владата, во најновиот развој на настаните во спорот во врска со корупција, што доведе до улични протести.

Јоханис рече дека нема да ја смени Ковеси од местото главен обвинител на Државното антикорупциско тело затоа што министерот за правда Тудерел Тоадер не го убедил дека таа треба да биде сменета.

Министерот Тоадер во февруари рече дека Ковеси треба да биде сменета, потег што многумина го сметаа за политички мотивиран бидејќи антикорупциското тело имало на мета високи функционери на владејачката Социјалдемократска партија.

Високиот совет на судии смета дека таа не треба да биде разрешена.

Илјадници граѓани протестираа ширум Романија барајќи оставка на министерот за правда Тудорел Тоадер заради неговиот повик да се смени главната обвинителка за корупција.