Претставничкиот дом на романскиот Парламент денеска отфрли предлог-закон за автономен статус на Секујската Област населена претежно со Унгарци, во централна Романија.

Предлог-законот беше со цел да се формира автономен регион кој го сочинуваат областите Ковасна, Харгита и дел од Муреш, како правен субјект во рамките на романската држава.

Според Комисијата за државна администрација, иницијативата во пракса „предвидува формирање на посебна државна единица, паралелна со единствената национална романска држава“.

Предлог-законот беше отфрлен со 218 гласа „против“ и 20 гласа „за“.