Романската Влада ќе издвои една милијарда евра за инвестициска програма во културата, објавија романски медиуми.

На почетокот на денешната владина седница, премиерката Виорика Данчила нагласи дека културата е сфера каде е потребно повеќегодишно финансирање за културни објекти и споменици или за поправки и модернизирање на постоечките.

– За таа цел Владата по итна наредба одвојува сума од една милијарда евра што ќе се користат за инвестиции во културни објекти, изјави романската премиерка.