Повеќе од 44 милиони патници ги искористија грчките аеродроми во периодот од јануари до август 2018 година, што претставува зголемување за 9,9 проценти во однос на истиот период минатата година, пишува „Катимерини“.

Според податоците на Службата за цивилно воздухопловство, исто така е забележан и раст од 8,7 отсто во бројот на летови.

Бројот на туристи во Грција, во првите осум месеци од годинава, изнесуваше 44.454.920 лица, а лани во истиот период, земјата ја посетија 40.443.451 лица.

Зголемувањето на бројот на туристи во септември и октомври се очекува да биде повисоко отколку во август, како што беше случај во мај и јуни, забележува „Катимерини“.