Регистрирани се 188 потреси во Истанбул, по силниот земјотрес од 5,8 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди турскиот град.

Силниот потрес беше на длабочина од 6,9 километри, а оштетени се 473 објекти, меѓу кои и 55 училишта.

Последователните потреси сè уште се активни.