Албанскиот премиер Еди Рама ја одликува германската канцеларка Ангела Меркел со орден „Ѕвезда на благодарноста“ како високо државно признание.
„Данке, Ангела! Особено задоволство ми е да Ве одликувам, во име на Албанија, со медалот ‘Ѕвезда на благодарноста’ како јавно признание“, напиша албанскиот премиер на социјалните мрежи, каде што објави и видео од примопредавањето на ова одликување.

„Ова е симбол на нашиот национален херој Скендербег, кој ја штител Албанија од инвазија и за кого исто така се сметало дека е атлет на Христа поради заштитата на христијанството“, објасни Рама во краткиот говор пред германската канцеларка.