Албанскиот премиер, Еди Рама, повтори дека косовскиот премиер, Рамуш Харадинај излажал кога рекол дека тој од него на берлинскиот самит побарал да бидат укинати наметнатите такси на производите од Србија.

– Рамуш излажа. Никој од него не побара да ги укине таксите, туку беше побарана суспензија, да се пружи можност да продолжи дијалогот со директен ангажман на канцеларката Ангела Меркел и претседателот Емануел Макрон – изјави Рама.

Тој верува дека берлинскиот самит бил идеална можност за продолжување на дијалогот.

– Го поддржав данокот од првиот ден, но не како трговска мерка, бидејќи тоа е спротивно на сите правила. Сепак, го бранев на секој состанок со партнерите – истакна Рама кој посочи дека со оваа мерка Приштина издејствувала да се слушне и нејзиниот глас.