Албанскиот премиер, Еди Рама, по објавувањето на позитивната препорака на Европската комисија за почеток на преговорите со ЕУ, оцени дека препораката е потврда оти Тирана успешно ја завршила својата домашна задача.

– Безусловната позитивна препорака за официјален почеток на преговорите за членството на Албанија во ЕУ потврдува дека Албанија успешно ја завршила домашната задача во овој процес – напиша Рама на Твитер.