Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека неговата земја направила сè што се бара од неа за започнување преговори за членство во ЕУ и не може да сфати зошто препораката на Еврпската комисија не е задолжителна за земјите-членки на Унијата.

– Ако одложувањето на преговорите со Албанија можеше да и помогне на ЕУ против растечката моќ на противниците на Унијата и на популистите, тогаш се согласувам. Ние направивме сè што ЕУ бараше од нас. Го променивме Уставот заедно со опозицијата која речиси по сите прашања има различен став од Владата, за назначување судии и обвинители – рече Рама во интервју за австрискиот неделник „Профил“.

Тој истакна дека започнувањето на преговори на Албанија со ЕУ ќе и помогне на земјата да продолжи со реформите.

Во врска со проблемот со наркотиците, Рама истакна дека Албанија успешно води борба со плантажите со канабис.

– Кој, пак, се вознемирува од проблемот со наркотиците во Холандија или во Франција? Секогаш нè обвинуваат нас Албанците – рече албанскиот премиер за австрискиот неделник „Профил“.