АЛБАНИЈА

Тој ги повика Албанците да ги почитуваат правилата на социјално растојание и да носат маски и ракавици, пренесе „360 степени“.

– Се зголемува и бројката на оние што се лекуваат болнички. Она што е најзагрижувачко е дека ако трендот на новозаразени продолжи вака, не само што може да донесе големи штети по човечките животи и здравјето на секого туку може да нѐ врати назад, да се затвориме до пронаоѓањето на вакцината – изјави Рама.

Поради вирусот во Албанија, границите, рестораните, кафулињата и другите места за собирање беа затворени околу два месеца. Ограничувањата беа олеснети пред повеќе од две недели, а во претходните три дена беше регистриран значителен скок на бројот на потврдени инфекции. Албанија има регистрирано 1.385 случаи на инфекција и 35 смртни случаи од коронавирусот.