Албанија

Албанија ќе ја преземе вакцинацијата на целокупниот здравствен персонал во Косово, најави албанскиот премиер Еди Рама, откако од Турција донесе пратка од 192.000 вакцини од кинеско производство.
– Подготвени сме веднаш да ја преземеме вакцинацијата на лицата во белите мантили на Косово. Таму има 11.000 здравствени работници и за 20 дена сме подготвени да ги вакцинираме сите. Ако сакаат да го организираат процесот и побрзо да дојдат во Кукс, нема проблем, тоа може да се направи за побрзо време, а ние ќе обезбедиме вакцинација до полноќ, три смени дневно – рече Рама, додавајќи дека тоа ќе зависи од договорот со косовското министерство за здравство.
Претходно во пунктот во северниот албански град Кукс се вакцинирани 500 косовски здравствени работници, главно од болниците во Приштина.