Во албанскиот пристанишен град Драч, на 27 август, премиерите на земјите од регионов ќе имаат заедничка средба.

Домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама,колегите од Македонија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Хрватска, Косово и Србија, ќе ги пречека во владината вила.

На средбата ќе присуствуваат и високи претставници на Европската унија, а главна тема на средбата ќе биде расправата за подготовка на заеднички регионални проекти поттикнати од Берлинскиот процес.

Средбата ќе биде со идентичен формат,како и првата средба одржана исто така во Драч на 26 август, а на која присуствуваше и македонскиот премиер Зоран Заев.

Покрај премиерите на државите од регионот, на ланската средба одржана на 26 август, во Драч беше и комесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан и потпретседателот на Светска Банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер.

Според албанските медиуми, сè уште нема потврда дали ќе има претставник на оваа значајна финасиска институција,на претстојната средба,на 27 август.