Албанскиот премиер Еди Рама до Основниот суд во Приштина поднел тужба за клевета против косовскиот колега во заминување Рамуш Харадинај. Тужбата се однесува на клевета дека Рама наводно се залагал за рамена на територии меѓу Белград и Приштина.

Рама во тужбата тој наведува дека Харадинај во неколку емисии емитувани во октомври минатата година зборувал за размена на територии меѓу Белград и Приштина, обвинувајќи го него дека со Хашим Тачи и Александар Вучиќ ја отвориле идејата за размена на територии.

Харадинај смета дека тужбата нема основ и дека е поднесена само за да се избегне политичката одговорност.

– Според законот, јас ќе го подготвам одгвоорот на тужбата во законските рокови – вели Харадинај.

Харадинај на Фејсбук напиша дека „тужбата на Рама е сосема неутемелена и претставува негова политичка диверзија за да се сокрие зад медиумските драми и за да ја избегне одговорноста.

– Нашиот народ и Косово имаат луѓе кои ќе бидат нејзиниот браник во секој момент – наведе Харадинај.