Албанија го охрабрува постигнувањето финален договор меѓу Белград и Приштина, што ќе го поддржат и САД и ЕУ, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

– Мојот став е дека конечен договор меѓу Србија и Косово, кој ќе резултира со признавање на Косово и конечно негово одделување од историјата со Србија, признат и гарантиран од САД и Европста унија, е договорот што ние го сакаме, изјави Рама гостувајќи на косовска телевизиска емисија.

Според Зери Онлајн, Рама при тоа нагласил дека постигнувањето на договор меѓу Белград и Приштина за регулирање на меѓусебните односи, ќе овзможи потоа и обединување на Албанија и Косово.

– Ние сме тука за да го поддржиме договорот и јас сум тука за силно да го поддржам договорот, што го поддржуваат оние кои на Косово му вдахнаа слобода и демократија. Косово не го олободи (албанскиот претседател) Илир Мета, туку САД и ЕУ, оние што денес имаат права и задачи да ги поттикнат двете страни на конечен договор и врз основа на него Албанија да се обедини со Косово, истакнал Рама.