Меѓу поканетите кои треба да се појават пред Специјалниот суд за злосторствата на поранешната ОВК, е и Раимонда Реци, која беше член на оваа организација.

Раимонда Реци е првата жена припадничка на ОВК, која ќе се појави во седиштето на Специјалниот суд и Специјалното обвинителство во Хаг.

Повикот од Хаг таа го објави на својата Фејсбук страница, додавајќи дека во поканата пишува дека треба да биде сослушана во својство на сведок.

– Од почетокот на декември, моето име се наоѓа на списокот повикани во Специјалниот суд во Хаг, напиша Реци и иронично додаде дека е „голема чест да се биде единствената жена која е повикана во овој Суд“.

Од средината на декември, па до сега, од Судот во Хаг беа повикани некогашните команданти на повеќе оперативни зони на ОВК.

Меѓу нив се Рустем Мустафа, Сами Љуштаку, Сокољ Добруна, Назиф Мехмети, Ремзи Шаља, Сафет Суља и Сулејман Сељими.