Ноќта помеѓу вторникот и средата, засега непознати лица ги ограбиле производствениот погон и магацинот на компанијата „Маркафе“ од Кисељак во Босна и Херцеговина, носејќи големи количини на кафе.
Како што потврдиле од „Маркафе“ за порталот „Кликс“, разбојниците влегле во зградата преку прозорецот од задниот дел, каде го паркирале комбето на оваа компанија, црвен „ситроен џампер“. Иако носивоста на комбето е 1,5 тон, разбојниците успеале да го натоварат со дури 2,5 тони кафе.

Според сопственикот, разбојниците биле добро информирани, знаеле најдобро место за влез во објектот, а потоа во канцеларијата ги барале клучевите.