Полицијата во Босна и Херцеговина, во соработка со српската полиција спроведе акција и разби ланец на трговија со дрога и оружје, во која се уапсени 12 лица, пренесуваат повеќе Балкански медиуми.

Акцијата наречена „Скорпион“ е спроведена на подрачјето на градовите Брчко и Бјелина, а цел биле лица осомничени за организиран криминал, трговија со луѓе, нелегална трговија со оружје и воена опрема. На 10-те локации во претходно споменатите градови се пронајдени големи количества на оружје и воена опрема, како и различна шверцувана роба со поголема вредност, која се смета дека била наменета за црните пазари во Европската унија и на Балканот.

Според наводите, меѓу осомничените има и активен полициски службеник на Граничната полиција на БиХ, кој е под истрага за злоупотреба на службената должност и корупција.