Во Словенија секоја година умираат меѓу 90 и 180 луѓе од изложеност на радон, гас што предизвикува карцином на белите дробови, соопшти денеска словенечката Администрација за заштита од зрачење.

Претставници на Администрацијата соопштија дека најголем број смртни случаи од радон се забележани во југоисточна и централна Словенија, пренесува СТА.

Како што објасни Борис Солобир од Администрацијата, радонот е природен гас кој е дел од секојдневниот живот, а мерките за заштита се многу ретки во Словенија.