Фото:„Фејсбук“

Бугарскиот претседател, Румен Радев, му го врачи мандатот за формирање на нова бугарска Влада на Кирил Петков, копретседател на победничката партија на изборите од 14 ноември „Промените продолжуваат“. Радев му посака успешен мандат на Петков, мандатарот изјави дека е почестен што го добива мандатот за формирање влада од претседателот на Бугарија.

На чинот на свеченоста присуствуваа и вториот копретседател на „Промените продолжуваат“, Асен Василев, кандидатот за вицепремиер Калина Константинова и претседателот на пратеничката група Андреј Ѓуров.

Се очекува дека денес пладне во Собранието првите луѓе на „Промените продолжуваат“ да ја презентираат структурата и составот на новиот Совет на министри на Бугарија.

Вчера беше потпишан коалицискиот договор помеѓу „Промените продолжуваат“, „Демократска Бугарија“, „Има таков народ“, како и од БСП, откако нејзината лидерка во оставка, Корнелија Нинова, доби мандат од партиското раководство да го потпише.