Американските воени експерти водат разговори за проширување на операциите во Грција, вклучувајќи и користење повеќе воздушни и поморски бази во оваа балканска држава, што е сигнал за потенцијално позиционирање во источниот дел на Средоземно Море, како реакција на растечката тензија со Турција, пишува американскиот „Волстрит журнал“, повикувајќи се на воени извори.

Постојат геополитички и географски фактори што ја прават Грција атрактивно место за вооружените сили на САД. Политичките грчко-американски односи се на врвот, а двете земји се загрижени за состојбите во Турција.

Можеби најважното нешто за САД е тоа што грчката влада и позицијата се одговорни, велат американски официјални лица за време на неодамнешната посета. Според истите извори, Вашингтон гледа можност за зголемување на употребата на грчките локации и распоредување повеќе војници во Грција на привремена основа.

– Географската локација на Грција и можностите овде се многу важни – рече пред новинарите генерал Џозеф Данфорд, претседател на заедничкиот началник на Генералштабот.

Како фактор, тој укажа на близината на Грција кон операциите на САД во Сирија и Северна Африка.
САД веќе почнаа да ја прошируваат употребата на грчките бази. Оваа пролет беспилотни авиони летаа од грчката воздухопловна база Лариса.