Проширувањето на Европската Унија и брегзит ќе бидат приоритети на Хрватска за време на нејзиното шестмесечно претседавање со Унијата, изјави шефот на хрватската дипломатија Горан Грлиќ Радман.

Според него, Хрватска која е најмладата членка на ЕУ има „многу работа и важна задача за да овозможи исполнување на интересите на земјите членки, особно во врска со организацијата на нивните односи со Британија“. Во врска со проширувањето тој рече дека и покрај големите очекувања на земјите кандидати, Загреб ќе поддржи она што е реално и можно.