Британскиот адвокат Младен Кесар за српскиот весник „Данас“ потврди дека поднел тужби против Српската православна црква (СПЦ), за сексуална злоупотреба од страна на српски свештеници врз шест негови клиенти.

Тужбите се поднесени во суд во Лондон и се чека да биде одреден датум за почетокот на судскиот процес.

Ниту еден свештеник нема да биде обвинет индивидуално, туку целата СПЦ, бидејќи е одговорна за постапувањето на оние, кои ја претставуваат како верска заедница. Злоупотребата се случила во Србија, Босна и Херцеговина (БиХ) и Хрватска, а шестмината тужители – два ѓакона и две жени, како и семејство на 19-годишниот студент на богословија, кој почина во 1999 година, за чија смрт мајка му го обвини пензионираниот владика Василие Качавенда, побараа правда во Лондон, бидејќи не им веруваат на домашните судови.

Весникот „Данас” побарал коментар од портпаролот на СПЦ, но не добил одговор.