Неколку стотици бегалци и мигранти сместени во Грција вчера го блокираа автопатот во близина на Солун, во знак на протест против лошите услови во бегалските кампови во близината на градот. Повеќето мигранти со години живеат во импровизирани кампови и се најчесто сместени во контејнери и шатори, а поради силните дождови изминатите денови, дел од нивните живеалишта биле поплавени.

Камповите во северна Грција се во особено тешка состојба деновиве, поради доаѓањето на нови групи бегалци и мигранти, кои ја преминуваат копнената грчко-турска граница кај Едрене.